Линкови за пристапност

Дали Латиноамериканците можат да го одредат резултатот од изборите за претседател на САД?


Триесет и два милиони Латиноамериканци регистрирани да гласаат на претседателските избори во САД следната година ќе бидат најголемиот етнички гласачки блок, со потенцијал за огромно влијание на исходот од изборите за претседател на САД.

„За демократите, клучно е да ги задржат гласачите меѓу латиноамериканците, а за републиканците да добијат поддршка меѓу латино гласачите“, вели Тери Мадона, директор на Центарот за политика и јавни работи, на колеџот Френклин и Маршал.

Седумдесет и три проценти од латиноамериканците на национално ниво планираат да гласаат или се наклонети кон демократите на изборите во 2020 година, покажува анкетата на „Унион вижон“ овој месец.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG