Краткорочните и долгорочни когнитивни способности кај луѓето, се намалуваат со секоја измината деценија. Но, постојат се` поголеми научни докази дека човечкиот мозок, со правилна стимулација, може да биде репрограмиран за да ги попречи ефектите од стареењето.
Најновото истражување доаѓа од Универзитетот на Калифорнија во Сан Франциско, каде научници изработиле видео игра за постари лица наречена „Неуро рејсер“.
Во студијата за оваа видео-игра учествувале 10-тина лица на возраст меѓу 60 и 80 години. Од нив било побарано да маневрираат автомобил преку видео-екран во исто време кога пред нив биле поставувани знаци кои емитувале светлина. Знаците биле релевантни или ирелевантни за самата игра. Учесниците ги следеле оние за кои сметале дека се релевантни, а ги игнорирале оние за кои сметале дека се небитни.
Научниците го започнале истражувањето преку мерење на тоа колку добро учесниците изведувале една задача и потоа ги споредувале со резултатите кога била додадена и втора задача.
Споредено со младите кои само еднаш ја играле споменатата игра, креаторот на студијата Адам Газалеј, вели дека имало значително подобрување во изведувањето на неколку задачи истовремено, но откако постарите лица вежбале дома еден месец.
„Пред тренингот, забележано е 65% намалување во реализацијата, кога ќе изведат две, наспроти една задача. По обуката, имаа само 16% намалување во реализацијата. Тоа е подобро од 20-годишниците на пример, кои имале пад од 27% “, изјави Газалеј.
Најзабележително според Газалеј е што подобрувањата во когнитивната способност на постарите лица траела преку шест месеци во други ментални области без дополнителни активности со видео-играта.
„Како одржување на вниманието, што е претпазливост, способност да се задржи вниманието на нешто многу здодевно и да се одговори на тоа брзо и точно – ова селективно било подобрено во групата. Исто така подобрена била и работната меморија, нивната способност да имаат нешто на ум за кус период и да одговорат брзо и точно“, вели Газалеј.
Газалеј не е многу сигурен дали да ги препорача комерцијално достапните видео игри, но вели дека некои игри со пукање во мета што го фокусираат вниманието на играчите може да имаат слична корист.
Лабораторијата на Газалеј е во постапка на развивање на други видео игри за луѓе пореметувања како недостиг на вниманието и депресија.
Написот за видео играта што го поттикнува менталниот капацитет кај постарите лица, е објавена во журналот „Природа“.