Линкови за пристапност

Ел Чапо веројатно до крајот на животот ќе остане во затвор


Ваквиот епилог е голем успех на САД бидејќи завршува владеењето на Гузман со картелот Синалоа – најголемата организација за шверц на дрога во светот

Мексиканскиот крал на дрогата Хоакин „Ел Чапо“ Гузман, најверојатно, ќе го помине остатокот од својот живот во затвор во САД откако во Њујорк е осуден за шверц со дрога и други поврзани обвиненија.

Гузман се заврте кон својата сопруга давајќи и знак со палецот, откако поротата го осуди во вторникот, по шест дневно разгледување на сите десет точки од обвинението против него.

Ваквиот епилог е голем успех на САД бидејќи завршницата на тримесечното судење го означува крајот на владеењето на Гузман со картелот Синалоа, кој обвинителите го опишаа како „најголема и најплодна организација за шверц на дрога во светот“.

„Картелот Синалоа прв го воведе мексиканскиот хероин со фентанил во Америка, така што правдата сега е задоволена“, рече Реј Донован, специјален агент на ДЕА, Њујорк.

Сојузните обвинители рекоа дека подемот на Гузман започнал во 1980-тите, кога неговата експертиза за шверц на кокаин во САД донесе голема заработка за колумбиските картели.

Адвокатите на Гузман велат дека се соочуваат со лавина на докази, но имаат намера да се жалат на пресудата. Сепак, Гузман најверојатно ќе биде осуден доживотно во затвор со најголемо обезбедување во САД.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG