Линкови за пристапност

Започна судењето на „Ел Чапо“ во Њујорк


Во обвинението стои дека администрацијата на Трамп ги нарушила уставните права на новинарот Џим Акоста

Под засилени безбедносни мерки во Бруклин, Њујорк започна судскиот процес против озлогласениот мексикански дилер на дрога, Хоакин „Ел Чапо“ Гузман.

Обвинителите велат дека 61 годишниот Гузман во САД шверцувал хероин, кокаин, марихуана и метамфетамин. Тој е обвинет како шеф на мексиканскиот картел Синалоа, кој одигра голема улога во насилствата кои зафатија големи делови од Мексико.

Гузман се изјасни за невин. Тој се соочува со 17 обвиненија за кривични дела и ако биде осуден може да добие казна доживотен затвор.

Властите воведоа засилени безбедносни мерки, вклучително и вооружена придружба за анонимните поротници. Пред судот можеа да се забележат вооружени полицајци.

Хоакин „Ел Чапо“ Гузман избега од затвор во Мексико користејќи тунел подолг од еден километар
Хоакин „Ел Чапо“ Гузман избега од затвор во Мексико користејќи тунел подолг од еден километар

Гузман е познат по неговите бегства од затворите. Во 2001-ва година тој избега од максимално обезбедениот затвор сместен во западниот дел на Мексико. Тој таму издржуваше 20 годишна затворска казна заради злосторничко здружување и мито. Наводно тој ги потплатил чуварите во затворот и избегал.

Гузман беше фатен повторно во 2014-та година, но тој успеа повторно да избега наредната година користејќи тунел долг повеќе од еден километар кој бил поврзан со неговата затворска ќелија. Тој беше уапсен повторно во 2016-та година, и беше екстрадиран во САД во јануари 2017-та година.

И покрај апсењето на Гузман, картелот Синалоа продолжува со нелегалната трговија со дрога. Аналитичарите велат дека децентрализираната командна структура и овозможува на организацијата да функционира нормално и покрај тоа што нејзиниот најпознат член е во затвор.

Двесте илјади луѓе загинаа откако мексиканската влада започна војна користејќи ја армијата во борбата против трговците со дрога во 2006-та година.

XS
SM
MD
LG