Линкови за пристапност

Екстремни поплави ги зафатија патиштата во Њујорк – едно лице удавено


Силниот дожд предизвика екстремни поплави во долината Хадсон во Њујорк, убивајќи најмалку едно лице и принудувајќи затворање на патиштата.

Поплавите дојдоа во неделата вечерта, бидејќи поголемиот дел од остатокот од североисточниот дел на САД се подготвуваше за големо невреме.

Извршниот директор на округот Оринџ, Стивен Нојхаус, за Ви-Еј-Би-Си ТВ изјави дека спасувачките тимови пронашле тело на жена на 30-годишна возраст, која се удавила откако била однесена додека се обидувала да го евакуира нејзиниот дом. Уште две лица избегале.

Официјални лица велат дека невремето веќе нанело штета од десетици милиони долари. Синоптичарите велат дека интензивен дожд може да биде особено силен во понеделник во североисточниот дел на Њујорк и Вермонт.

Извор: Асошиетед прес

XS
SM
MD
LG