Линкови за пристапност

Eксплозии низ Киев, соборен проектил во близина на детска болница


Неколку експлозии се слушнаа низ Киев рано денес. Претходно, градоначалникот Виталиј Кличко ги повика жителите да одат во засолништата за воздушни напади, а украинските власти издадоа предупредување за воздушен напад низ целата земја.

Украина собори проектил во близина на детска болница во градот денес.

Остатоци од проектилот паднале во близина на болницата во Киев, но нема пријавени повредени.

Во меѓувреме, воздушниот простор над двата руски аеродрома – Внуково и Калуго – беше привремено затворен поради беспилотни летала.

Аеродромите оттогаш се повторно отворени.

Во својот дневен разузнавачки извештај денес за руската инвазија на Украина, британското Министерство за одбрана рече дека постои „реална можност“ оти „мал број“ советници од групата „Вагнер“ ќе бидат присутни кога белоруските војници ќе спроведат вежба во област во северозападна Белорусија, во близина на полската и литванската граница.

Британското министерство соопшти дека тие најверојатно ќе бидат обучувачи на вежбата во Белорусија.

„Русија речиси сигурно сака да ги промовира белоруските сили како ставови против НАТО“, соопшти британското министерство.

Дел од информациите се од Ројтерс и Франс - прес

XS
SM
MD
LG