Линкови за пристапност

Експерти: Стратегијата за затворање на македонските термоелектрани до 2030 година е преамбициозна


Затворањето на термоелектраните Рек Битола и ТЕЦ Осломеј до 2030-та година, a кои сега работат на јаглен, е тешко остварливо, велат експертите
Затворањето на термоелектраните Рек Битола и ТЕЦ Осломеј до 2030-та година, a кои сега работат на јаглен, е тешко остварливо, велат експертите

Со националната стратегија за енергетика се предвидуваше постепено затворање на термоелектраните во земјава. До 2022 година требаше да се затвори ТЕЦ Осломеј, а од 2026 до 2032 година еден по еден блоковите во РЕК Битола.

Затворањето на термоелектраните Рек Битола и ТЕЦ Осломеј до 2030-та година, a кои сега работат на јаглен е тешко остварливо велат експертите, иако станува збор за една од препораките на ЕУ. Според професорот од електро-техничкиот факултет во Штип, Драган Миновски, периодот од шест години за такво нешто е премногу краток.

„Во енергетиката проектите и новите производствени капацитети не се градат така брзо и така лесно, посебно во делот на поголеми производствени капацитети со стабилно производство не како што се фотоволтаичните електрани. И затоа можеби овој таргет од 2030 година е малку амбициозен од страна на државата. Мора да се постават одредени цели и мора да се направат подготовки и да се постават одредени проекти на правилни патеки за да може тие да се реализираат што е можно побрзо“, вели Миновски.

Што велат експерти за планот за затворање на термоелектраните?
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:54 0:00

Експертот по енергетика, Зоран Митрески вели дека земјата сè уште не е подготвена да ги затвори тие термоелектрани.

Затворањето на термо- електраните во наредниот период до 2030 и по 2030 година е неминовно
Драган Миновски

„Според Парискиот договор, бидејќи сме потписници на тој договор, ние сме должни да ги затвориме. Мислам дека не сме спремни да ги затвориме, бидејќи сме сè уште зависни од балансирање. Ако дотогаш Чебрен не се изгради, а ние имаме потреба од систем за балансирање, затоа што сите овие системи кои се обновливи работат во одреден период на денот и затоа му треба некој систем да се балансира“, објаснува Митрески.

Со националната стратегија за енергетика се предвидуваше затворање на термоелектраните во земјава постепено. До 2022 година требаше да се затвори ТЕЦ Осломеј, а од 2026 до 2032 година еден по еден блоковите во РЕК Битола. Во моментот се прави нова стратегија за развој на енергетиката и надградба на планот за животна средина и енергетика вели Миновски.

РЕК Битола
РЕК Битола

„Се надевам дека одредени рокови ќе се поместат. Затворањето на термо- електраните во наредниот период до 2030 и по 2030 година е неминовно“, вели Миновски.

Но Миновски додава дека државата треба да направи сè што може за да изгради нови производствени капацитети од обновливи извори се со цел задоволување на домашните потреби од електрична енергија, за да не се случи од релативно увозно зависна држава Македонија да стане силно увозно зависна.

„Потребно е што е можно побрзо да се почне со градба на ХЕЦ Чебрен. Доколку не се продолжи со тој проект, да се најде соодветен проект, кој ќе може да го балансира производството на електричната енергија од овие нестабилни производствени капацитети, како што се фотоволтаичните и ветерните електрани. Потребна е преадаптација на постојните термоелектрани во гасни електрани или во електрани кои ќе може да складираат енергија со нова технологија“, вели Миновски.

Земјава за да ја реализира оваа цел, односно трансформација на централите од работа на јаглен во гасни, очекува финансиска помош од меѓународни институции, бидејќи ѝ се потребни три милијарди евра.

Инаку јагленот во Северна Македонија претставува 40% од изворот на енергија. Рек Битола, според истражување на Европското здружение за здравје и животна средина, испушта околу 2.700 тони штетни ПМ честички во воздухот годишно.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG