Линкови за пристапност

 
Ексклузивно: Висок американски маринец вели дека недостигаат бродови кои се движат и по земја и во вода

Ексклузивно: Висок американски маринец вели дека недостигаат бродови кои се движат и по земја и во вода


Амфибискиот воен брод плови покрај брегот на карипскиот остров Курасао, 17 февруари 2001 година. (Фото: АП)
Амфибискиот воен брод плови покрај брегот на карипскиот остров Курасао, 17 февруари 2001 година. (Фото: АП)

Недостигот на амфибиски борбени бродови ширум светот достигнал највисока точка, предупредуваат претставници на одбраната за Гласот на Америка.

„Ги имам маринците, ги имам ескадрилите, ги имам и баталјоните и батериите... едноставно немам амфибии“, изјави генерал Ерик Смит во ексклузивно интервју за Гласот на Америка.

Додека амфибиските борбени бродови сочинуваат само 10% од флотата, тие се алтернатива на носачите на авиони кога на командантите им треба нешто попрецизно или поцелосно.

„Амфибиите се од витално значење за нас. Тие се егзистенцијален дел од тоа кои сме ние како маринци“, рече Смит.

Откако ќе бидат распоредени, овие единици од околу 2.000 маринци и морнари обезбедуваат сè, од ударна моќ со борбени авиони Ф-35, до поддршка во неборбените операции за евакуација и помош при катастрофи.

Потребни се три амфибии – една со голема палуба и две помали.

Смит вели дека на војската ѝ се потребни три од овие бродски единици распоредени во странство во секое време - една од источниот брег, една од западниот брег и една од Јапонија.

Сепак, Смит изјави за Гласот на Америка дека не може да го постигне ова барање со бројот на амфибии што се подготвени денес.

Во 2022 година, Конгресот ја задолжи морнарицата да задржи минимум 31 амфибии во својата флота, откако службата се обиде да отстапи шест од овие лошо одржувани бродови во нивниот буџетски план за фискалната 2023 година.

Маринскиот корпус рече дека минимум 31 вакво возило е потребно за да ги завршат нивните мисии.

„Стапката на подготвеност е намалена во опсегот од 50% и треба да биде 80%, тогаш би рекол дека тоа е криза“, рече Смит за Гласот на Америка.

Адмирал Џим Килби, вршител на должноста началник за поморски операции, во ексклузивно интервју за Гласот на Америка минатиот месец, рече дека проблемот е поголем од само амфибиските бродови.

„Кога почнав во морнарицата, имавме речиси 600 бродови. Сега, имаме половина од тоа, но сè уште ја работиме истата мисија“, рече Килби.

XS
SM
MD
LG