Линкови за пристапност

Екс министерот Сали не знаел за КАТО системот на Онкологија


СКОПЈЕ – Поранешниот министер за здравство, Беким Сали, е првиот сведок кој се појави на сослушување пред собраниската Анкетна комисија која ја испитува политичката одговорност во скандалот на Клиниката за Онкологија. Сали одговараше на прашања на пратениците – членови на Комисијата и во своите одговори потенцираше дека не знаел за постоење на криминална мрежа и кражби на цитостатска терапија и манипулации со неа на Клиниката. Тој нагласи дека му дал прецизни упатства и насоки на тогашниот директор Васев, за формирање на стручен Колегиум кој ќе одлучува кој пациент каква терапија ќе прима но и да изготви протоколи за набавка, складирање и чување на цитостатската терапија. Васев воопшто не му одговорил и затоа го разрешил. Зошто не побарал одговорност од економскиот директор не објасни во детали, освен дека финансискиот колапс на Клиниката се должел на лошото менаџирање со набавка на скапата терапија а не лошото работење наекономскиот директор.

„Повикав итен состанок со директорите на Клин иката залагајќи се за вклучување на стручен совет за утврдување на критериуми на третман на пациенти кои примаат биолошка терапија. Побарав од медицинскиот директор да претстави план за решавање на овие прашања. Таков план не добив. Ја разгледав комуникацијата меѓу Клиниката и Фондот во периодот од 2019 до 2021 година. Очигледно е дека сите релеванти институции во државата биле свесни за повремен недостиг на лекови на Клиниката за Онкологија но не превзеле мерки. На моеите барања доктор Нини Васев одговори со молк и побарав да си поднесе оставка. Иницирав проценка на ингеренции на еконоскиот директор но политичките притисоци за моето разрешување почнаа по кадровските измени кои ги направив“, изјави ексминистерот Сали.

Членовите на Комисијата неколку пати прашаа дали неговот разрешување се должи на смената на директорот Васев, но Сали одговори дека станува збор за повеќе иницијативи и околности.

Изнендувачки, на прашање на пратеничката Иванка Василевска, зошто не првзел ништо околу КАТО системот, со кој би се спречиле малверзации со терапијата на пациентите, Сали одговори дека не знаел оти таков постои.

„ За жал додека бев министер за здравство немав информација за постоење на таков систем. По некоја случајност ниту еден вработен на Клиниката не ми спомна дека таков систем е набавен во 2016 година и оттогаш не е пуштен во употреба“, рече Сали.

За пратеникот Зоран Гоцевски од ВМРО – ДПМНЕ е симптоматично што ниту при примопредавањето на функцијата Сали не бил известен дека постои систем но дека не е во функција

Претседателката на Анкетната Комисија, Рашела Мизрахи, смета дека отсуството на контрола и законски механизми е еднакво на изрекување на смртна казна на пациентите на Клиниката, казна која е забранета со Устав а своите обврски не ги исполниле МАЛМЕД, Фондот за здравство, државниот здравствен и санитарен инспекторат и Лекарската комора.

„Ваквите грешки во функционирањето детектирани во извештајот може да ги дефинираме како пресудена смртна казна поради недостаток на медицински третман, лекови или несовесно работење. Надзорот за лековите го врши МАЛМЕД, преку фармацевтски инспектори кои требло да постапат и да имаат редовни контроли. Трошењата на фондовски пари ги контролира Фондот кој има воспоставен систем на редовни контроли и симптоматично е како нема потпис од Фондот во јавна набавка од милиони евра. Фондот морал да констатира дека недостасуваат согласности, пречекорување на количините и период кој не е покриен со набавка на лекови. Фондот морал да утврди отсуство на протокол за терапирање и отсуство на стручен колегиум. Ова се контролни механизми доколку тие биле инхибирани, извештајот станува реален и се преточуцва во кршење на член 10 од Уставот“, изјави Мизрахи, претседателка на Комисијата

Пред комисијата ќе сведочи и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски а членовите од Комисијата од редовите на ВМРО – ДПМНЕ предложиле листа со 44 сведоци кои треба да бидат сослушани. Иако не е потврдено се очекува пред пратениците да се појават директорите на Клиниката, на Фондот за здравство, Малмед и инспекторатите.

XS
SM
MD
LG