Виш израелски политичар ќе оди во затвор за инволираност во скандал за корупција.
Врховниот суд на Израел во вторникот делумно ја поништи донесената пресуда против поранешниот премиер Ехуд Олмерт. Затворската казна е намалена од шест години на 18 месеци.
70 годишниот поранешен премиер пред две години беше прогласен виновен и осуден од Првостепен суд за земање на десетици илјади долари мито за промовирање на контроверзен проект за недвижности во Ерусалим. Ова, наводно, се случило во време кога тој бил градоначалник на Ерусалим, непосредно пред да стане премиер во 2006-та.
Врховниот суд поништи некои од обвиненијата за корупција, но, потврди некои други.
Олмерт ќе биде прв поранешен израелски премиер, кој ќе отслужи затворска казна.