Линкови за пристапност

САД планираат кратење на помошта за Египет


Соопштението се очекува да дојде во наредните неколку дена.

Американски официјални лица велат дека администрацијата на Обама се движи кон задржување на значителен дел на армиската помош за Египет, по ревидирање на програмата по месеци од соборувањето од власт на претседателот Мохамед Морси и задушување на неговата поддршка.

Официјалните лица, зборувајќи за западни новински медиуми под услов да останат анонимни, кажаа дека одлуката нема да ги засегне парите за контратероризам или безбедност на Синајскиот Полуостров.

Портпаролката на Националниот совет за безбедност Кеитлин Хајден во вторникот ги отфрли извештаите во вторник дека САД ќе ги скратат сите 1,3 милијарди долари годишна армиска помош, велејќи дека соопштението за помошта за Египет ќе биде издадено во наредните неколку дена.

Претседателот Барак Обама минатиот месец во своето обраќање пред Генералното собрание на ОН кажа дека египетската привремена влада „донелa одлуки неконзистентни со инклузивнатa демократија“ и дека американската поддршка зависи од подемократски пат.
XS
SM
MD
LG