Речиси две недели по соборувањето од власт на претседателот Мохамед Морси од страна на армијата, Муслиманското братство се` уште не дава знаци за подготвеност да се приклучи на политичкиот транзиционен процес на државата.
Привремениот египетски претседател Адли Мансур ја повика исламистичката група да се приклучи на транзицијата предводена од армијата и да земе удел во претстојното гласање по новиот устав, парламент и претседател.
Но Братството одби, инсистирајќи дека тоа практично би значело одобрување на она што го гледа како пуч против владата на Морси, првиот демократски избран лидер на Египет.
Гехад Ал-Хадад, портпарол на Братството, за Гласот на Америка изјави дека нема смисол групата да се натпреварува во изборите, како пред две години, ако не верува дека египетската армија ќе им дозволи повторно да дојдат на власт.