Линкови за пристапност

САД поттикнуваат на „вклучителна“ влада во Египет


Во исто време, Муслиманското братство поттикнува на нови собири со барање на враќање на власт на соборениот претседател Морси

Американски претставници се во Каиро да се сретнат со египетските привремени лидери и да ја нагласат потребата од „вклучителна, демократски избрана, цивилна влада.“

Заменик државниот секретар Бил Брнс ја прави првата посета на висок по ранк американски претставник откако армијата го собори исламистичкиот претседател Мохамед Морси порано месецов. Стејт департментот вели дека неговите разговори во понеделник и вторник ќе вклучат и лидери на граѓанското општество и бизнисот.

Тие средби доаѓаат во време кога Муслиманското братство на Морси ги поттикнува своите поддржувачи да се соберат на мирни протести во Каиро заради неговото соборување од власт.

Илјадници се собираа cо денови во близина на џамија на североисток на Каиро за да бараат враќање на поранешниот претседател.

Исто така во понеделникот, властите велат дека осомничени милитанти нападнале автобус кој носел фабрички работници во северниот синајски град Ел-Ариш, убивајќи најмалку три лица и ранувајќи 17 други. На Синајскиот Полуостров се гледа пораст на насилството откако Морси е соборен од власт на 3-ти јули.
XS
SM
MD
LG