Додека денес групациите за и против сменетиот египетски претседател Мухамед Морси протестираат во Каиро, американскиот Стејт департмент синоќа реагираше дека апсењето на водачите на Муслиманското братство не е во согласност со националното помирување што привремената влада наведува дека го посакува.
Официјален Вашингтон неделава соопшти и дека владата на Морси не владеела демокртаски, но дека допрва ќе утврди дали неговото сменување било државен удар. Доколку заклучи дека се работи за државен удар, американскиот закон налага да запрат сите видови на нехуманитарна помош за Египет.