Линкови за пристапност

Во Египет почнува процесот на формирање нова влада


САД сугерираат вклучување на Муслиманското братство во процесот, група која бара враќање на Морси на власт.

Новоназначениот египетски привремен премиер Хазем ел-Библави во среда започнува со работата на формирање на неговиот кабинет, за што медиумите под државна контрола велат дека вклучуваат планови да им се понудат места на Муслиманското братство и исламистичката Нур партија.

Привремените лидери ја водат брзата политичка транзиција во Египет што вклучува чекори за промена на уставот на државата и нови парламентарни и претседателски избори.

Муслиманското братство и Нур партијата се дел од поширок сет на групи кои го критикуваат транзициониот план, што привремениот претседател Адли Мансур го изнесе откако армијата го собори претседателот Махамед Морси.

Главната либерална група, Националниот фронт за спас, во среда кажа дека не била консултирана за планот и дека не се согласува со некои елементи. Младинското движење Тамаруд исто така вели дека не било консултирано. И двете групи планираат да предложат промени на мапата.

Муслиманското братство се противи на привремената влада и бара Морси да биде вратен. Портпарол на групата во среда кажа дека тие отфрлаат секаква понуда да се приклучат на новата администрација.

Портпаролката на американскиот Стејт департмент Џен Псаки во вторник кажа дека САД биле во контакт со Муслиманското братство и дека го охрабрува да земат учество во транзицијата. Таа кажа дека секаков процес во Египет мора да биде инклузивен.
XS
SM
MD
LG