Линкови за пристапност

Тенкови пред претседателската палата во Каиро


6일 시위대 진입을 막기 위해 대통령궁 앞에 설치한 이라크 군의 탱크.
6일 시위대 진입을 막기 위해 대통령궁 앞에 설치한 이라크 군의 탱크.

Ниту противниците ниту поддржувачите на претседателот Морси не попуштаат додека нервозата расте

Египетската армија распоредила тенкови околу претседателската палата во Каиро и бара протестантите да заминат по судирот меѓу опонентите и поддржувачите на претседателот Мохамед Морси во кој загинаа пет лица.

Армијата соопшти дека демонстрантите мора да се евакуираат до три часот попладне по локално време, во четврток. Армијата постави најмалку пет тенкови и уште две блиндирани возила пред претседателскиот комплекс.

Претседателот се очекува да се обрати до нацијата подоцна во денот. Повеќе од 350 лица беа повредени во главниот град на Египет за време на двонеделното насилство.

Известувачката на Гласот на Америка Елизабет Арот, на сцената близу претседателската палата, кажа дека ниедна страна не попушта и дека конфронтацијата расте.

Насилството ескалираше во среда кога исламистичките поддржувачи на Морси ги нападнаа опозиционите демонстранти кои беа лути заради претседателскиот декрет објавен минатиот месец со кој беше проширен авторитетот на Морси.

Референфум за уставот е закажан за 15 декември.
XS
SM
MD
LG