Линкови за пристапност

Највисоките египетски судови ја суспендираа работата среде протестите


Два највисоки судови во Египет кажаа дека ќе штрајкуваат во знак на протест поради декретите на претседателот.

Стотици Египќани продолжуваат со демонстрациите против претседателот Мохамед Морси, шести ден по ред, додека два највисоки судови во Египет кажаа дека ќе ја суспендираат работата во знак на протест поради неговите декрети.

Египетските касациони и жалбени судови во среда кажаа дека одат на штрајк додека Уставниот суд одлучи по наредбата на претседателот со која себе си дава имунитет од судско преиспитување.

Уставниот суд го обвини Морси за неоправдан напад на неговата независност. Во соопштение од средата, судот ги отфрли обвиненијата на претседателот дека работи на соборување на неговата влада.

Морси и правосудната гранка се во судир последнава недела за тоа дали судовите може да ги ревидираат овластувањата на претседателот. Десетици илјади Египќани излегоа на главниот плоштад во Каиро и во целата земја во вторникот, обвинувајќи го претседателот дека се однесува како диктатор.
XS
SM
MD
LG