Линкови за пристапност

Амнести интернешнал повикува на темелни реформи во Египет


Во најнови извештаи Амнести смета дека полицијата и армијата треба да се сметаат за одговорни за злоставување на демонстрантите.

Групата за заштита на човековите права Амнести интернешнал го повикува Египет да ги смета полицијата и армијата за одговорни за злоставување на демонстрантите и бара државата да спроведе реформи за спречување
натамошно насилство.

Во еден од двата најнови извештаи, групата со седиште во Лондон истакна дека спроведените истраги покажале дека демонстрантите биле убивани, мачени и на друг начин злоставувани од страна на египетските трупи за време на неодамнешните немири.

Во извештајот се додава дека на демонстрантите им било судено од страна на воени судови, но дека војниците одговорни за делата не биле изведени пред независни, граѓански судови.

Во вториот извештај на Амнести интернешнал детално се наведени злоупотребите од страна на трите главни полициски сили во земјата, вклучувајќи тепање, неосновани апсења и пукање врз толпа луѓе.
XS
SM
MD
LG