Линкови за пристапност

Ослободени американските заложници во Египет


Двајцата Американци и локален туристички водич киднапирани пред четири дена во Синај, се ослободени, велат египетски официјални лица.

Група вооружени лица ги киднапирале Мајкл Луис, Лиса Алфонс и нивниот туристички водич на пат за црква од шестиот век лоцирана на подножјето на планината Синај.

Властите го идентификувале киднаперот како Герми Абу Масух, член на проминентно бедуинско пламе во Синај. Абу Масух сака египетската полиција да го ослободи неговиот чичко, кој бил во затвор заради поседување половина тон дрога.

Синот на Луис, Жан Жоел Манас Луис за Гласот на Америка кажа дека неговиот татко, Американец со потекло од Хаити и свештеник во бостонска црква, го организира ова патување до светото место секоја година.
XS
SM
MD
LG