Линкови за пристапност

Насилството во Египет не стивнува


Во напад на милитанти убиени 24-ца полицајци.

Полицајците биле убиени денеска, од заседа, додека со автобус се движеле во близина на градот Рафа, близу Појасот Газа. Вчера пак, Министерството за внатрешни работи соопшти дека 36 членови на Муслиманското братство се задушиле од солзавец во обидот да избегаат од затвор во Каиро.

Денес стигна и најава од адвокатот на поранешниот претседател Хосни Мубарак дека тој наскоро ќе биде ослободен, бидејќи судот го ослободил од обвинението за корупција. Веста не можеше да биде потврдена од независен извор, но агенцјата Франс прес пренесува судски извори дека тој ќе остане во притвор поради дополнителните обвиненија.

Американскиот секретар за одбрана, Чак Хагел изјави дека тој и други владини претставници имале бројни разговори со египската армија за тоа дека САД „го разгледуваат секој можен аспект на американските односи со оваа земја“.

Дипломати на Европската унија задутре во Женева ќе разговараат за египетската криза. Унијата размислува дали да продолжи со помошта од 6,7 милијарди долари за Египет, додека дипломатите вршат притисок за мирно и севклучително решение на ситуацијата во земјата.
XS
SM
MD
LG