Линкови за пристапност

Египет: нема доказ дека терористи го урнале рускиот авион над Синај


Египет издаде прелиминарен извештај во кој се вели дека нејзините инспектори не нашле докази за терористичка поврзаност со падот на рускиот авион над Синајскиот Полуостров, во кој загинаа 224 лица.

Во соопштението од Министерството за цивилно воздухопловство стои дека истрагата за причината за несреќата е во тек, но досега нема ништо што укажува на тероризам или некои други незаконски дејства.

Русија и западните земји, вклучувајќи ги и САД кажаа дека експлозивна направа поставена во авионот Ербас го урнало леталот. Групата Исламска држава ја презеде одговорноста и објави фотографии од она за кое што тврдат дека е бомба.

XS
SM
MD
LG