Поранешниот египетски претседател Хосни Мубарак почина на 91-годишна возраст
Неговата смрт беше соопштена во вторникот на државната телевизија.
Мубарак управуваше со Египет скоро 30 години пред да биде сменет од власт во 2011 година по 18 дена народни протести.
Во хиерархијата на египетското општество се искачи преку египетските воздухопловни сили, стигнувајќи до позицијата командант и заменик министер за одбрана.
Мубарак беше прогласен за заменик на претседателот Анвар Садат во 1975 година и беше на негова страна кога Садат беше убиен во октомври 1981 година од исламистички милитанти.
Автократскиот лидер тогаш го презеде претседателството и ја задржа власта позиционирајќи се себеси како доверлив сојузник на западот, почитувајќи го мировниот договор со Израел од 1979 година и покрај жестокото спротивставување низ целиот Блиски исток.
Facebook Forum