Линкови за пристапност

Мохамед Морси не е повеќе претседател на Египет


Според државниот весник Ал-Ахрам армијата на истекот на ултиматумот му соопштила на Морси дека повеќе не е на лидерската функција, цитирајќи извор близок до претседателот.

Египетската армија на исламистичкиот претседател Мохамед Морси му постави ултиматум да најде политичко решение. Во меѓувреме продолжија протестите на неговите противници кои бараат тој да замине од функцијата.

Во изјавата објавена непосредно пред рокот, Морси предложи влада на консензус меѓу партиите и формирање независна комисија што ќе изготви уставни амандмани како начин за излез од кризата. Тој повторуваше дека нема намера да поднесе оставка, предупредувајќи дека изборниот легитимитет е единствената гаранција против нестабилноста.

Виш соработник на Морси подоцна до Египќаните порача мирно да му се спротистават на, како што го нарече „воениот удар“.

Армијата на претседателот Морси му даде рок од 48 часа да го надмине политичкиот ќорсокак или да ризикува воена интервенција. Рокот до кога се очекува да се надминат разликите меѓу исламистичката влада и нејзините критичари истекува во пет часот по локално време.

Претходно Морси се појави на националната телевизија и ги потсети граѓаните дека бил демократски избран на функцијата пред повеќе од една година.

Илјадници Египќани демонстраа во Каиро, едни поддржувајќи го, а други барајќи негова оставка.
XS
SM
MD
LG