Линкови за пристапност

Најмалку четири лица убиени во напад пред црква во Египет


Вооружен напаѓач кој отворил оган пред црква јужно од Каиро, усмртил најмалку четири лица, а повредени се уште пет други. Меѓу загинатите е и еден полицаец.

Египетските власти соопштија дека напаѓачот загинал во престрелката пред коптската црква Св. Марија Мина, во областа Хелван и дека се трага по можен втор напаѓач.

Деталите за нападот не се целосно познати, а засега никој не ја презеде одговорноста.

Во текот на годината, во нападите врз цркви, терористичката органзиација Исламска држава усмрти десетици христијани.

Дваесет и осум лица беа убиени во мај, 2017-та година, кога милитантите отворија оган врз автобус во кој биле превезувани коптски христијани на пат кон манастирот Св. Самуил Исповедник во јужниот град Магага.

Во април, беа нападнати цркви во градовите Александрија и Танта.

Во бомбашкиот напад во декември, 2016-та година врз капелата која се наоѓа близу до централната коптска христијанска катедрала во Каиро загинаа во 30 лица.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG