Линкови за пристапност

Историски претседателски избори во Египет


Изборот е меѓу кандидати кои имаат радикално различни визии за иднината на државата.

Египќаните во среда гласаат во историски претседателски избори што набљудувачите сметаат дека се премногу тесни за да се предвиди победникот. Изборот е меѓу кандидати кои имаат радикално различни визии за иднината на државата.

Ако дводневното гласање не донесе убедлив победник, втор круг е планиран за 16-17 јуни и ќе биде меѓу двајцата кандидати со најмногу освоени гласови. Победникот ќе биде објавен на 21-ви јуни.

Четворица главни натпреварувачи излегоа од листата на 13, спроти најголемиот тест во Египет за транзицијата од децениско армиско диктаторство во демократско граѓанско уредување.

Двајца од тие четворица служеле под поранешниот претседател Хосни Мубарак и ветиле обнова на стабилноста и обезбедување на световно владеење.

Поранешниот министер за надворешни работи и шеф на Арапската лига Амр Муса, либерал кој бил јавна фигура со години, се чини дека води според гласовите, барем по податоците од пред неколку дена. Но последните анкети покажаа растеж на Ахмед Шафик, поранешен командант Воздухопловството и последен премиер на Мубарак, кој ужива поддршка на моќната армија на Египет.

Двајцата се кандидираа на платформа против други двајца исламистички кандидати. Мохамед Морси, од моќното Муслиманско братство и Абдел Монеим Абоул Фотоух, кој апелираше на широк спектар гласачи, од либерали до Муслиманите Салафи и Христијаните од тврдата линија.

XS
SM
MD
LG