Египетските армиски лидери го прогласија понеделник за јавен празник среде штрајкови од некои државни службеници кои бараат нови слободи по соборувањето на претседателот Хосни Мубарак од власт.
Поранешниот протестант Гихан Мохамед вели дека луѓето се загрижени за економијата. Тој за Гласот на Америка кажа дека државата направила голем чекор напред, но дека претстои уште многу работа, за што е оптимист дека ќе оди во позитивна насока.
Армијата го распушти парламентот и го суспендираше уставот. Кажа дека ќе владее со земјата само шест месеци, додека не се одржат избори. Премиерот Ахмед Шафик кажа дека најголем дел од сегашните министри ќе останат на функција до тогаш.
Шафик рече дека нормалниот живот во Египет мора да се обнови, заедно со чувството на сигурност што беше загубено последниве недели. Тој кажа дека несигурноста завршува, иако не со доволно брзо темпо.