Линкови за пристапност

Претседателот на Египет даде оставка


Претседателот на Египет даде оставка
Претседателот на Египет даде оставка

Соопштението на државната телевизија дојде во време кога стотици илјади анти-владини демонстранти протестираа низ Каиро и други египетски градови, откако Мубарак ги одби нивните барања веднаш да даде оставка на функцијата. Толпите одговорија со спонтани извици на радост.

Хосни Мубарак веќе не е претседател на Египет, соопшти потпретседателот Омар Сулејман, кој кажа дека армиските сили сега ја преземаат власта.

Соопштението на државната телевизија дојде во време кога стотици илјади анти-владини демонстранти протестираа низ Каиро и други египетски градови, откако Мубарак ги одби нивните барања веднаш да даде оставка на функцијата. Толпите одговорија со спонтани извици на радост.

Големи групи луѓе се собраа по петочните молитви во неколку области на Каиро и други големи градови низ Египет.

Армијата беше распоредена додека десетици илјади протестанти беа собрани на плоштадот Тахрир во Каиро. Демонстранти со радосни извици ја поздравија веста и вееја египетски знамиња во тоа што е изгледаше како растечко море на шатори на плоштадот.

Демонстрациите беа раширени и околу зградата на државната радио и телевизија како и претседателската палата во предградие на Каиро, Хелиополис.

XS
SM
MD
LG