Линкови за пристапност

Обама со поостра порака за Египет


Обама со поостра порака за Египет

Претседателот Обама ја поттикнува египетската влада да го објасни во недвојбени термини процесот што би водел кон кредибилна и вистинска демократија. Белата куќа испрати посилна порака откако египетскиот претседател Хосни Мубарак одби да дада оставка.

Претседателот и неговата администрација во четврток беа оптимисти по индикациите дека претседателот Мубарак ќе соопшти давање оставка, одговарајќи на барањата на илјадниците протестанти.

Во изјава од Мичиген, Обама посочи на „момент на трансформација“ за кој рече дека е предводен од новата генерација Египќани, велејќи дека САД ќе поддржат транзиција што ќе се одвива со почитување на редот.

Но откако го гледал говорот на Мубарак во авионот на враќање во Вашингтон, претседателот по пристигнувањето веднаш заминал на состанок со неговиот тим за национална безбедност.

Опримизмот на Обама од порано во денот се трансформира во многу посилен тон. Египетската влада, кажа Обама, не ја искористи можноста да отвори „кредибилен, конкретен и недвосмислен пат кон вистинска демократија“.

Велејќи дека многу Египќани остануваат „неубедени дека владата е сериозна за вистинска транзиција кон демократија“ претседателот ги поттикна египетските лидери да зборуваат јасно пред својот народ и пред светот.

Во четврток претседателот Мубарак одби да замине од власт и зборуваше за уставни промени и фер избори во септември, во исто време делегирајќи одредени надлежности на потпретседателот Омар Сулејман.

Претседателот Обама не побара специфично претседателот Мубарак да замине, повторувајќи ја американската позиција дека египетскиот народ може да ја одреди својата политичка иднина.

Повторувајќи го повикот за воздржаност до сите страни, Обама кажа дека САД ги поддржуваат „суштинските принципи“ , „универзални права“ и политички преговори што ја инволвираат широката египетска опозиција и граѓанско општество.

XS
SM
MD
LG