Линкови за пристапност

САД внимателно ја следат ситуацијата во Египет


САД внимателно ја следат ситуацијата во Египет
САД внимателно ја следат ситуацијата во Египет

Претседателот Барак Обама во четврток кусо се осврна на Египет при посетата на Мичиген, велејќи дека САД чекаат да видат што ќе се случи

Портпаролот на Белата куќа Роберт Гибс кажа дека официјалните претставници внимателно следат што ќе се случи во како што рече тој „многу флуидната“ ситуација. Тој кажа дека САД продолжуваат да бараат транзиција во која ќе се запази редот и ќе има чесни избори во Египет. Тој рече дека египетскиот народ сака „неповратни промени“.

Гибс рече дека претседателот Обама зборувал во четвртокот наутро со советникот за национална безбедност Том Донилон.

Првиот човек на американската Централна разузнавачка агенција , Леон Панета, на конгресен панел во четвртокот кажа пред законодавците дека „има големи изгледи“ египетскиот претседател Хосни Мубарак да си даде оставка во четврток вечер.

Панета рече дека тоа е голема работа за која се надева дека ќе биде транзиција изведена „со почитување на редот“ во Египет.

XS
SM
MD
LG