Линкови за пристапност

Протести и штрајкови се шират додека египетскиот режим ја заострува својата позиција


Протести и штрајкови се шират додека египетскиот режим ја заострува својата позиција
Протести и штрајкови се шират додека египетскиот режим ја заострува својата позиција

Како дополнение на пролонгираните протести во главниот град, опозицијата се сврте кон трудови акции низ Египет влијаејќи на туризмот, железницата и владата.

Протестантите вршат притисок на Мубарак кој е на власт 30 години, во исто време барајќи оставка на законодавците избрани минатата година во гласање што нашироко се смета за местено во корист на владеачката партија.

Египетскиот потпретседател Омар Сулејман кажа дека владата нема да толерира пролонгирани анти-владини протести на плоштадот Тахрир. Тој ги предупреди активистите да не се обидуваат со повеќе граѓанска непослушност, нарекувајќи ја „екстремно опасна“.

Организаторите на протестите велат дека работат на планови за преместување во зградата на државната радио и телевизија во петок, кога други масовни демонстрации се свикани.

Во средата над шест илјади незадоволни работници демонстрираа против малите плати и лошите услови во пет компании во сопственост на Властите наСуетскиот канал, што е голема компонента на египетската економија. Две илјади текстилни работници демонстрирале во Суец, додека илјадници погодени од колапсот на индустријата за туризам одржале протести во Лахор.

Стотици од сиромашниот дел на градот на Суецкиот канал Порт Саид, запалиле делови на седиштето на владата, лути заради недоволно домови.

Протести против Мубарак резултирале и во неколку смртни случаи во пустинската оаза Карга, на 600 километри од Каиро, а демонстрантите запалиле полициски станици и други владини згради.

XS
SM
MD
LG