Во воздух и на земја египетската армија зазема позиции за одбрана на влезот на Тахрир плоштадот. Петочниот собир уследи по денови на крвави улични битки меѓу про- и анти-владини поддржувачи, со високи тензии пред самиот собир.
Илјадници анти-владини протестанти маршираа мирно на плоштадот по муслиманските петочнимолитви.
Во раните часови на собирот, имаше весела атмосфера меѓу демонстрантите, кои пееја и вееја знамиња.
Демонстрантите се цврсти во нивното барање Мубарак веднаш да ја напушти државата.
Мубарак на американската новинарка Кристијан Аманпур и` кажа дека му е доста и сака да замине од власт но вели дека би бил хаос во Египет ако тоа го стори сега.