Линкови за пристапност

Жестоки протести во Египет


Жестоки протести во Египет
Жестоки протести во Египет

Полицијата се спротивставува со солзавец, водени топови, гумени куршуми и палки, но нередите растат. Демонстрантите бараат крај на 30-годишното владеење на претседателот Хосни Мубарак.

Египетските безбедносни сили се во состојба на висока готовност низ државата додека илјадници опозициони поддржувачи излегуваат на протести по петочните молитви, барајќи крај на 30-годишното владеење на претседателот Хосни Мубарак.

Интернет сервисот, клучното орудие на активистите, беше затворен кусо време по полноќ. Оневозможено е и праќање текстуални пораки и други информации.

Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун апелираше за смирување на насилството. Тој вели дека лидерите треба да гледаат на протестите како на шанса да слушнат „легитимна загриженост“ на народот.

Неколкумина се убиени во нередите, а владата вели дека 800 лица биле приведени. Групи за човекови права велат дека таа цифра е над 2.000.

82-годишниот претседател сеуште не се огласил.

Во Вашингтон претседателот Барак Обама кажа дека политички реформи се „апсолутно критични“ за Египет, додавајќи на притисокот Мубарак да направи промени, во исто време признавајќи дека тој е критичен американски сојузник.

Обама апелираше за воздржување од насилство, во интервју за вебстраницатаYouTube. Најнова информација е дека во Египет се оневозможени и социјалните медиуми Facebook и Twitter, преку кои се пробиваа информациите до светот.

XS
SM
MD
LG