Линкови за пристапност

Против Едвардс покренато обвинение


Против Едвардс покренато обвинение
Против Едвардс покренато обвинение

Против поранешниот американски сенатор и претседателски кандидат Џон Едвардс е покренато обвинение за наводно прекршување на законите за финансирање со користење на политички донации за криење на вонбрачна афера.

Обвиненеието е покренато во петокот во сојузната држава на Едвардс, Северна Каролина. Едвардс е обвинето по шест основи – едно за заговор, четири за илегални кампањски контрибуции и една за лажна изјава.

Американскиот Оддел за правда вели дека Едвардс наводно примил повеќе од 900 илјади долари во напор да ги скрие фактите од јавноста за кои верувал дека ќе и` наштетело на неговата кандидатура за Белата куќа во 2008-ма.

Едвардс се појави пред судот во Винстон Салем, Северна Каролина.

Обвинението тврди дека Едвардс, демократ, знаел дека јавното откривање на вонбрачната врска и бременоста што од неа резултирала, ќе му наштети на имиџот и ја принудил неговата кампања да ги пренасочи средствата за да одговори на истрагата и медиумското испитување.

Доколку биде обвинет, тој може да добие максимум од 250 илјади парична казна и пет години затвор.

XS
SM
MD
LG