Тие дојдоа во оваа воздухопловна база во пустина североисточно од Лос Анџелес со пренаменет армиски авион од Втората светска војна и други мали приватни авиони. Грег Манкур е еден од пилотите на кои им беше пружена оваа шанса:
„Не можете секој ден да слетате на суво езеро како спејс шатал и да ја видите пилотската зона каде е тестирано се` во 1960-тите и верувам '70-тите“, вели Манкур.
Овие среќници се избрани меѓу повеќе од две илјади колку што се пријавиле. Генерал-мајорот Дејвид Ајкорн вели дека со вежбата на приватните пилоти им била претставена базата и воздушниот простор околу неа.
Генерал-мајорот и поранешен командант на базата Едвардс Дејвид Ајкорн вака ја објасни идејата на настанот:
„Ние го користиме овој простор за многу намени и сакавме цивилите да знаат што правиме овде и заедно безбедно да го делиме“.
А тоа за овие цивили е голема чест, зашто многумина летаат со карго или невоени авиони кои армијата ги пензионирала. Во оваа база биле постигнати многу рекорди во авијацијата и понекогаш слетува и спејс патли.
Денот избран за овој настан бил беспрекорен за летање.
Чарли Типтон летал десет дена од Пенсилванија до Калифорнија во мал извиднички авион американското воздухопловство од 1940-тите. Тој вели дека со таквите авиони се лета ниско и бавно, зашто комуницираат со направа поврзана за радар на земјата, но тој е среќен што со него и стигнувам некаде, како во базата Едвардс.
Карл Шол се приземји на реставриран Б-25 од Втората светска војна. Тој вели дека неговиот авион гасел пожари во војната, но после тоа бил употребен во многу филмови, меѓу кои „Квака 22“ и „Перл Харбор“.
Засега нема планови овој единствен настан да биде повторен.