Линкови за пристапност

Обама за образованието: Иницијатива „Трка до врвот“


Обама за образованието: Иницијатива „Трка до врвот“
Обама за образованието: Иницијатива „Трка до врвот“

Обама ќе зборува за тоа како неговата иницијатива за програма на федерални грантови наречена „Трка до врвот“ заедно со други напори ќе донесе подобрување во образованието во САД.

Белата куќа вели дека Претседателот Барак Обама во четврток ќе има важен говор за реформа на образованието, на конвенцијата на Националната урбана лига во Вашингтон.

Обама ќе зборува за тоа како неговата иницијатива за програма на федерални грантови наречена „Трка до врвот“ заедно со други напори ќе донесе подобрување на образованието во САД.

„Трка до врвот“ обезбедува финансиски поттици за државите да се зафатат со прашања кои вклучуваат фокус на трансформирањето на училишта кои покажуваат најслаби резултати и вработување на ефикасни наставници и раководители на училишта. Обама ја објави иницијативата минатиот јули.

Порано неделава, Националната урбана лига и шест други групи за граѓански права објавија извештај во кој се изразува загриженост за некои од образовните програми на администрацијата на Обама, меѓу кои и за „Трка до врвот“.

Овие групи велат дека процесот на давање грантови има приод кон финансирањето на образованието премногу заснован на конкуренција.

XS
SM
MD
LG