Линкови за пристапност

Една третина од болничарите во САД планираат да ја напуштат работата, покажа ново истражување


Речиси една третина од болничарите во САД размислуваат да ја напуштат професијата откако пандемијата на ковид-19 ги остави преоптоварени и уморни, според истражување на АМН Хелткеар.

Анкетата на над 18.000 болничари спроведена во јануари покажа дека 30 проценти од учесниците сакаат да ја напуштат својата кариера, што е за 7 процентни поени повеќе во однос на 2021 година, кога започна бранот оставки предизвикан од пандемијата.

Истражувањето, исто така, покажа дека 36 осто од нив планираат да продолжат да работат во секторот, но може да го променат работното место.

„Ова навистина ги нагласува континуираните предизвици за менталното здравје што ги доживува медицинската работна сила по пандемијата“, изјави извршниот директор на АМН Хелткеар Кери Грејс за Ројтерс.

Истражувањето покажа дека се потребни различни промени, при што 69 проценти од болничарите бараат зголемени плати, а 63 осто од нив бараат побезбедна работна средина за да го намалат стресот.

Иако недостигот на кадар во болниците е проблем веќе неколку години, тој се здоби со глобално влијание кон крајот на 2021 година и го достигна врвот на почетокот на минатата година по голем број оставки поради исцрпеност.

Извор: Ројтерс

XS
SM
MD
LG