Линкови за пристапност

Една слаткарка и две иноваторки – Македонки во САД успешни претприемачки


Софи Еваноф од Чикаго, Александра Милошеска од Њу Џерси и Невенка Димитрова од Њујрок – Македонки во Соединетите Држави кои ги уриваат табуата дека бизнисот е „машка работа“.
Софи Еваноф од Чикаго, Александра Милошеска од Њу Џерси и Невенка Димитрова од Њујрок – Македонки во Соединетите Држави кои ги уриваат табуата дека бизнисот е „машка работа“.

Желбата да има сопствена слаткарница, ја имала уште како дете кога со мајка и меселе пити и подготвувале колачи секоја недела. Денес, Македонката Софи Еваноф е сопственичка на една од најпознатите слаткарници во Чикаго која е позната под името „Ванила“. Софи, која завршила француско слаткарско училиште, вели дека дванаесет години ги прават вкусните колачи и печива користејќи француска техника.

Успешни бизнис приказни на Македонки – претприемачки во САД
please wait

No media source currently available

0:00 0:04:07 0:00

„Ние сме слаткарница во европски стил. Користиме француска техника, која не е толку слатка. Како што сите знаеме, европските колачи не се толку слатки. Тие се повкусни, содржат состојки со добар квалитет и тоа е она што го правиме овде. Значи, се’ е квалитетно со малку шеќер. Имаат шеќер, но не колку во споредба со американските колачи. Имаме многу задоволни клиенти од различни националности. Навистина е возбудливо да се видат различните луѓе што ги носиме овде“, вели Софи Еваноф, сопственичка на слаткарницата.

Но, и покрај тоа што нејзината слаткарница е француски бренд, Софи вели дека понекогаш подготвуваат и продаваат баклава.

Софи Еваноф, сопственичка на слаткарница
Софи Еваноф, сопственичка на слаткарница

„Правиме баклава по рецепт на баба ми. Ја немаме постојано, но сите работи, техники и рецепти што ги научив додека растев ги внесуваме во нашите колачи“, рече Еваноф.

Сепак, има и луѓе кои сакаат да јадат исклучиво здрави колачи. Брзиот начин на живот и нездравата исхрана, ја натерале Александра Милошеска од Њу Џерси да создаде нов производ кој го пласира на американскиот пазар. „Квик Фит Бајтс“ или Брзи фит залаци се производите што Александра ги нуди како здрав начин на исхрана.

„Производите се на природна база, се од состојки што можат да се препознаат и да се читаа како што е чиа семето, овесни снегулки и црно чоколадо. Брендот сакам да остане на чиста и природна база“, изјави Александра Милошеска, основачка на брендот „Квик Фит Бајтс“.

Александра ги повика жените кои имаат идеја за сопствен бизнис и се неодлучни да не се двоумат да ја остварат својата цел.

„Да не се плашат, ако имаат идеја - да ја испробаат. Значи мали чекори. Ништо не може да се случи преку ноќ. Сакам да им бидам мотивација и секоја жена што сака да се консултира со мене јас сум тука за секаков разговор, сакам да сум инспирација на сите жени каде и да се“, истакна таа.

И професор д-р Невенка Димитрова од Њујорк која покрај што е лидерка во науката за биомедицински податоци, таа произведува сопствени органски производи под брендот „Сид оф лајф“ или Семе на животот. За Гласот на Америка вели дека луѓето треба да консумираат храна која ги содржи сите нутритивни вредности.

Проф. д-р Невенка Димитрова, иноваторка
Проф. д-р Невенка Димитрова, иноваторка

„Идејата за овој бизнис дојде од мое лично искуство со храна, здрава храна пред и после тоа. Имав една здравствена криза во која што научив колку е важно да консумираме храна во која се зачувани сите нутритивни вредности и дека ние во еден момент на животот кога сме многу зафатени, кога немаме многу време и не обраќаме многу внимание, секогаш треба да размислуваме, да се трудиме и да работиме на тоа“, рече д-р Димитрова.

Според податоците на Фондацијата Кауфман, во САД во 2021 година 40 проценти од основачите на бизнисите биле жени, процент кој е релативно непроменет од 1996 година. Сепак, Софи, Александра и Невенка им порачаа на Македонките во САД да не се обесхрабруваат од работата што е пред нив за да ја остварат својата цел да бидат сами свои газди.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG