Линкови за пристапност

Некои сè уште ни вртат грб: Една декада предизвици за продавачите на „Лице в лице“ и промотори на маргинализираните


Гордана и Анабела со насмевка и низ отворен пристап, речиси десет години, и во лето и во зима, го нудат списанието „Лице в лице“.
Гордана и Анабела со насмевка и низ отворен пристап, речиси десет години, и во лето и во зима, го нудат списанието „Лице в лице“.

Лице в лице“ е едно од ретките списанија што отворено зборува за препреките со кои се соочуваат и за потребите на лицата од ранливите групи. Деновиве излезе јубилејниот педесетти број, а главни продавачи и промотори се токму лицата што општеството ги оставило на маргините

Доколку поминете низ Дебар маало или низ Градскиот парк во Скопје, голема е веројатноста да ги сретнете Анабела и Гордана. Со насмевка на лицата и низ отворен пристап, речиси десет години, и во лето и во зима, го нудат списанието „Лице в лице“.

Една декада „Лице в лице“: Приказната на маргинализираните има потреба од отворени врати
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:37 0:00

„Во сити мол, во Дебар маало, во парк, и низ центар. Секаде продавам, пешки одам“, вели Анабела Мередиева.

„Да, многу ми е интересно. Се гледаме со моите пријатели. Задоволна сум“, додава Гордана Малинова.

Им велам повелете, ова е ‘Лице в лице’, за вработување, за нас пишува, за сè пишува
Анабела

Двете доаѓаат од центарот за грижа на лица со попреченост, „Порака“ од Волково. Низ пријатен разговор објаснија што е тоа што го продаваат., и колку е значајно да им се посвети внимание.

„Им велам повелете, ова е ‘Лице в лице’, за вработување, за нас пишува, за сè пишува“, вели Анабела.

„На почетокот луѓето не нè познава, не го знаеја списанието. Беше потешко. Но потоа стана полесно, повеќе го купуваат“, објаснува Гордана.

„Лице в лице“ е едно од ретките списанија кај нас во кое отворено се зборува за потребите на ранливите категории граѓани. Неговата уникатност е во тоа што им овозможува токму на тие лица да бидат главните продавачи, а со тоа и промотори на потребата за поголема свест кон луѓето од маргините.

Многу долг период нашето општество се трудело да ги скрие лицата со попреченост, да не ги вклучува во никакви општествени процеси
Маја Раванска, Одговорна уредничка на „Лице в лице“

„Многу долг период нашето општество се трудело да ги скрие лицата со попреченост, да не ги вклучува во никакви општествени процеси. Социјални, едукативни, здравствени. Буквално во сите. Кога зборуваме за работна интеграција, за работен ангажман, секогаш се сметало дека луѓето не можат да го прават тоа“, вели Маја Раванска, одговорна уредничка на „Лице в лице“.

Годинава се одбележува една декада од постоењето на „Лице в лице“, а неодамна беше објавен и педесеттиот број. Творците на списанието велат дека свеста за инклузивноста напреднала низ годините.

„Со гордост можам да кажам дека многу се променети работите. Ни и дека имаме уште многу чекори да изодиме како општество. Останува нашата работа дека тоа не смее да запре, дека ние треба да ја едуцираме публиката, за еднаков и праведен пристап кон ранливите сограѓани“, додава Раванска.

Има некои што го знаат списанието, расположени се, го купуваат. Но, има и некои што не сакаат да купат, па ја тргаат чантата, мислат дека крадеме. Ние не сме такви, не крадеме
Гордана

Но, не секогаш односот кон овие лица е праведен.

„Има некои што го знаат списанието, расположени се, го купуваат. Но, има и некои што не сакаат да купат, па ја тргаат чантата, мислат дека крадеме пари. Им велам дека ние не сме такви, не крадеме пари. Ние чесно работиме“, вели Гордана.

„Јас им продавам. Повеле ‘Лице в лице’, ова е за вработување, пишува сè, и за нас пишува. И, они велат ‘Го имаме. Фала, не сакам’. Тогаш им велам, да сте здрави и живи ако го имате“, ни раскажа Анабела.

Потребна ни е навистина отворена рака и од луѓето коишто го купуваат, ја почитуваат мисијата на ‘Лице в лице’, вели уредничката Маја Раванска
Потребна ни е навистина отворена рака и од луѓето коишто го купуваат, ја почитуваат мисијата на ‘Лице в лице’, вели уредничката Маја Раванска

Во периодот од 10 години биле отпечатени 350.000 примероци. Но, пандемијата сериозно удрила врз уличната продажба и врз социјализацијата на продавачите. Тоа го пребродиле, но пред списанието сега се испречува нов предизвик – масовните поскапувања.

Доколку ги сретнете низ градот, не им вртете грб. Анабела и Гордана со сопствен труд ја промовираат потребата за поголема свест кон лицата од ранливите категории
Доколку ги сретнете низ градот, не им вртете грб. Анабела и Гордана со сопствен труд ја промовираат потребата за поголема свест кон лицата од ранливите категории

„Потребна ни е навистина отворена рака и од луѓето коишто го купуваат, ја почитуваат мисијата на ‘Лице в лице’. Од компаниите коишто би требало уште повеќе да развиваат партнерство со нас, и секако од институциите за да продолжи да се развива една ваква приказна“, истакнува уредничката Раванска.

Гордана и Анабела се дел од вкупно 150 продавачи од ранливи категории што до сега биле ангажирани од „Лице в лице“. Доколку ги сретнете, не им вртете грб. Поддржете ја нивната мисија за рамноправно општество.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG