Линкови за пристапност

Еден загинат и повеќе од 100 лица повредени во Украина


Русија изврши опсежни ракетни напади во кои загинаа најмалку четири лица, а беа ранети уште десетици во Киев и Харков, соопштија денес украинските власти.

Воздухопловните сили на Украина соопштија дека руските сили користеле 35 беспилотни летала и 99 проектили, вклучително и лансирања од воздух и море, при што украинската воздушна одбрана ги соборила сите беспилотни летала и 72 проектили.

„Од 31 декември, руските чудовишта веќе истрелаа 170 беспилотни летала „Шахед“ и десетици проектили од различен тип. Апсолутно мнозинство од нив беа насочени кон цивилната инфраструктура“, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Тој рече дека бројот на повредени е 92 и рече дека Украина ќе соработува со „секој ширум светот кој го цени животот“ за да ја зајакне украинската противвоздушна одбрана и да ја повика Русија на одговорност.

„Терористичката држава мора да ги почувствува последиците од нејзините постапки“, рече Зеленски.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, изјави дека само падот на остатоците од соборениот проектил повредил најмалку 20 луѓе и предизвикал пожар во повеќекатната зграда во главниот град на Украина. Тој пријавил повеќекратни експлозии во градот додека противвоздушната одбрана реагирала на бранот руски ракети, при што пожари избувнале во најмалку пет области.

Поради рускиот напад во утринскиот сообраќаен шпиц, Киев остана без електрична енергија но беа оштетени и делови на гасоводниот систем во Киев.

Во Харков, градоначалникот Ихор Терехов рече дека градот е под „голем ракетен напад“.

Олег Синегубов, шефот на воената администрација во Харков, на Телеграм изјави дека во руските напади загинало најмалку едно лице, а повеќе од 40 се повредени.

Синегубов рече дека нападите оштетиле станбени и деловни згради, покрај инфраструктурните локации.

Во соседна Полска, војската соопшти дека испратила четири борбени авиони Ф-16 за да го заштити нејзиниот воздушен простор поради руските напади.

Нападите во вторникот уследија по предупредувањето на рускиот претседател Владимир Путин дека Русија ќе ги интензивира нападите врз Украина по смртоносниот украински напад во саботата врз рускиот град Белгород, во кој загинаа 24 лица, а беа ранети повеќе од 100 други.

За време на посетата на воената болница во понеделникот, Путин го нарече нападот на Украина во Белгород „терористички чин“, обвинувајќи ги украинските сили дека гаѓале „точно во центарот на градот, каде што луѓето се шетале наоколу, пред новогодишната ноќ“ и тврди дека тие „намерно го таргетирале цивилното население“.

Некои материјали за овој извештај се од Асошиетед прес, агенцијата Франс прес и Ројтерс.

XS
SM
MD
LG