Линкови за пристапност

Еден патник на Сингапур ерлајнс загина по силни турбуленции


Летот Лондон-Сингапур изврши принудно слетување. 30 други се повредени.
Летот Лондон-Сингапур изврши принудно слетување. 30 други се повредени.

Сингапур ерлајнс соопшти дека едно лице загинало, а најмалку 30 други се повредени во вторникот кога на летот од Лондон до Сингапур доживеал големи турбуленции и принудно слетал во Бангкок.

Во соопштението објавено на социјалните мрежи, авиокомпанијата рече дека летот SQ321 полета од аеродромот Хитроу во Лондон доцна во понеделникот. Летот наиде на силни турбуленции предизвикани од грмотевици и беше пренасочен кон Бангкок.

„Можеме да потврдиме дека има повредени и еден фатален во Боингот 777-300ER“, соопштија од авиокомпанијата.

„Сингапур ерлајнс изразува најдлабоко сочувство до семејството на починатиот“, се додава во соопштението.

Сингапур ерлајнс не соопшти во кој момент се случиле повредите и смртта, но еден патник кој зборувал за новинската служба на Ројтерс рече дека турбуленциите доведоа до тоа оние кои не носеле појаси да удрат во надземните кабини.

Податоците од веб-страницата FlightRadar 24 покажуваат дека околу 11 часа по летот, кога го преминал Андаманското Море и се приближил до Тајланд, леталото нагло паднало од надморска височина од околу 11.300 метри на околу 9.400 за три до пет минути. Летот кратко време подоцна слета во Бангкок.

Авиокомпанијата соопшти дека работи со локалните власти во Тајланд за да ја обезбеди потребната медицинска помош и дека испраќа тим во Бангкок за да обезбеди дополнителна потребна помош.

Во изјава на својата Фејсбук страница, министерот за транспорт на Сингапур, Чи Хонг Тат рече дека владата ќе обезбеди помош за патниците и нивните семејства.

„Длабоко сум тажен што дознав за инцидентот на летот SQ321 на Сингапур ерлајнс од Лондон Хитроу до Сингапур“, рече тој.

Летот превезувал 211 патници и 18 членови на екипажот, соопшти авиокомпанијата.

Некои информации за овој извештај дадоа Асошиетед прес, Ројтерс и Франс прес.

XS
SM
MD
LG