Линкови за пристапност

Два последователни земјотреси во Еквадор


Нема извештаи за жртви или причинета штета

Од Геолошкиот институт на САД соопштија дека регионот на Еквадор кој се граничи со Перу утрово бил погоден со земјотрес со јачина од 7,5 степени.

Епицентарот на земјотресот бил во ретко населена област, 17 километри јужно од градот Монталво на длабочина од 132 километри.

Од Центарот за предупредување за цунами во Пацификот велат дека немало ризик од цунами и дека нема извештаи за жртви или материјална штета.

Источниот дел на Еквадор 20 минути подоцна беше погоден од втор земјотрес со јачина од 5.5 степени на длабочина од 82 километри.

Според Геолошкиот институт на САД повеќето големи земјотреси во Јужна Америка се на мала длабочина од 70 километри или помалку.

XS
SM
MD
LG