Линкови за пристапност

ММФ ја намалува прогнозата за растеж во САД


Експерти велат дека американските официјални лица треба да ги продолжат напорите за стимулирање на економијата

Меѓународниот монетарен фонд вели дека американската економија ќе порасне два проценти годинава.

Тоа е малку побрзо од минатата година, но далеку послабо од предвидувањата на ММФ.

Економистите велат дека невообичаено лошото време изминатава зима ја попречило бизнис-активноста и предизвикало намалување во економскиот растеж на најголемата светска економија во првите три месеци на годината. Најголем дел од експертите велат дека економијата го продолжила растежот и ќе стане посилна наредниве месеци.

Експерти велат дека американските официјални лица треба да ги продолжат напорите за стимулирање на економијата со ниски каматни стапки, повисока минимална плата и поголеми владини трошоци на инфраструктурата.

Главни претставници на американската централна банка започнуваат рутински средби во вторник во Вашингтон, каде ќе направат своја проценка на економијата, ќе дебатираат за каматната политика и напорите за поттикнување на растеж.

Шефицата на американските федерални резерви Џенет Јелен ќе се сретне со новинарите во среда за да ги објасни најновите одлуки.
XS
SM
MD
LG