Линкови за пристапност

Растеж на пазарот за недвижнини во САД


Цените на домовите во САД пораснале со најбрза стапка за последниве осум години во 2013-та, но напредокот неодамна забави.

Извештајот од вторникот Кејс-Шилер покажува дека цените на куќите пораснале за повеќе од 11 проценти во текот на годината.

Но извештајот исто така покажува дека цените малку опаднале последниве месеци со растењето на каматните стапки и лошите временски услови што го забавило продавањето.

Многу економисти очекуваат цените да растат побавно годинава отколку минатата година.

Инвеститорите и економистите го следат секторот на недвижнини заради големите проблеми во овој сектор кои играа клучна улога во финансиската криза.

Кризата исто така силно го погоди пазарот на работни места, туркајќи ја нагоре стапката на невработеност.

Неодамна дипломираните на колеџи се` уште се жалат дека е тешко наоѓањето работа.

Студија од вторник изработена од Галуп покажува дека перспективните работодавци велат знаењето од релевантни области и применети вештини се поважни од колеџот и од тесниот избор на предмети на кои се дипломирало.
XS
SM
MD
LG