Линкови за пристапност

Извештај: Американската економија добива во сила


Економски извештаи објавени во четврток покажуваат подобрувања во секторот за домување и на пазарот на работна сила.

Група за трговија вели дека силната побарувачка на домови ги истуркало цените нагоре за повеќе од 12 проценти во текот на изминатата година. Националната асоцијација на агенти со недвижнини вели дека тоа е најголем пораст на цените за повеќе од седум години.

Сериозните проблеми на пазарот за недвижнини играа клучна улога во економската криза, што предизвика бран од отпуштања од работа и ја зголемија стапката на невработеност.

Одделот за труд вели дека тоа се променило. Бројот на Американци кои се пријавиле за компензација заради невработеност паднал на најниско ниво за последниве шест години.

Извештајот од четврток вели дека просечниот број луѓе кои бараат компензација секоја недела паднал за повеќе од 6.000 во текот на минатиот месец.

Тоа го намалило бројот на барања на невработените на само 335.500 на недела. Овие барања се начин за следење на отпуштањата од работа, кои не биле на ова ниско ниво од крајот на 2007.

Американската стапка на невработеност паднала на 7.4 проценти. Тоа е подобрување, но сепак е над 5 или 6 проценти колку што беше норма ва изминатите две децении.
XS
SM
MD
LG