Линкови за пристапност

Бернанке: Стимулирањето на економијата зависи од резултатите


Првиот човек на Централната банка на САД појаснува дека евентуалните промени во економската политика ќе бидат постепени.

Раководителот на американската Централна банка вели дека Федералните резерви со време ќе ги намалат напорите за стимулирање на економијата, но тоа ќе го стори само постепено кога зајакнувањето на економијата јасно ќе покаже дека е јасно оти е потребна помала помош.

Претседателот на Федералните резерви Бен Бернанке ќе ја пренесе пораката во Конгресот подоцна во среда, но презеде необичен чекор да ги објави подготвените белешки за излагањето пред време.

Бернанке очигледно се обидува да појасни во која насока оди Банката откако претходните забелешки ги загрижија инвеститорите и предизвикаа нестабилност на пазарите.
XS
SM
MD
LG