Линкови за пристапност

ММФ ја намали прогнозата за глобален економски растеж


Меѓународниот монетарен фонд вели дека ќе има потешкотии на патот на опоравувањето кај развиените држави.

Експерти на ММФ велат дека глобалниот растеж ќе биде околу 3,3 проценти годинава, што е две десетини од процентот помалку од нивната проценка на почетокот на годината. Глобалниот позајмувач вели дека растежот ќе се подобри во 2014-та.

Извештајот од вторникот на ММФ доаѓа во време кога врвните финансиски претставници од светот се собираат во Вашингтон за годишната средба на ММФ и Светската банка подоцна неделава.

ММФ вели дека кратењата во владините трошоци ќе го попречат растежот на американската економија за повеќе од 1,9 проценти годинава, но предвидува најголемата светска економија да се прошири побрзо во 2014-та.
XS
SM
MD
LG