Линкови за пристапност

Американската економија додала 155 илјади работни места


Стапката на невработеност се задржала на 7,8 проценти

Американската економија имала нето добивка од 155.000 работни места во декември, додека стапката на невработеност се задржала на 7,8 проценти.

Петочниот извештај од Одделот за труд вели дека многу од новите работни места биле во производството и градежништвото.

Владините стручњаци направија ревизија на стапката за невработеност од претходниот месец, која беше речено дека е 7,7 процент.

Малку повеќе од 12 милиони луѓе се смета дека се невработени во САД. Нешто помалку од пет милиони од нив се надвор од работа 27 недели или повеќе.

Речиси осум милиони луѓе работат намалено работно време, но би сакале да работат со полно работно време.
XS
SM
MD
LG