Линкови за пристапност

Обама го потпиша договорот за „фискалната бездна“


Американскиот претседател кажа дека ова е чекор во поширокиот напор за зајакнување на американската економија.

Американскиот претседател Барак Обама го потпиша договорот што ги крева даноците за најбогатите Американци и ги задржува олеснувањата на даноците за средната класа, додека во исто време ги одлага задолжителните намалувања на трошоците.

Претседателот ја потпиша мерката во средата вечер, еден ден откако членовите на Конгресот ја усвоија компромисната легислатива за избегнување на таканаречената „фискална бездна“.

Откако предлог законот доби зелено светло во Конгресот, претседателот кажа дека тоа било „еден чекор“ во поширокиот напор за зајакнување на американската економија.

Меѓународниот монетарен фонд вели дека планот не оди доволно далеку да ги зафати долгогодишните економски проблеми на државата, вклучувајќи го нејзиниот дефицит и целокупен долг.

Во изјава од портпаролот на ММФ, Гери Рајс, се вели дека претстои уште работа за да се вратат американските јавни финансии на одржлив курс без да се наштети на тоа што се нарекува се` уште кревко опоравување.
XS
SM
MD
LG