Владата во петок соопшти дека стапката на невработеност во август била 8,1 процент, што е намалување од 8,3 проценти колку што било во јули. Тоа беше 43-ти месец по ред кога цифрите биле невообичаено високи, над нивото од 8 проценти, додека државата продолжува да се опоравува од длабоката рецесија во 2008 и 2009.
Во јули беа додадени 141.000 работни места, додека во август само 96.000, што е под проектираните очекувања. Извештаите за вработувањето може да ја натера Централната банка да прифати нова политика на средбата закажана за следната недела. Шефот на Федералните резерви, Бен Бернанке кажа дека недостигот од растеж во бројот на работни места е причина за банката да преземе нешто.
Економијата е главна тема на двата кандидати за претседателска функција.
Ромни во петокот го искористи извештајот да покаже дека претседателот не го исполнил ветувањето и дека политиката на претседателот не дава резултати.
Претседателот, на кампања во Њу Хемпшир, го нагласи постојаниот растеж на бројот на работни места за последните 30 месеци, но призна дека напредокот не е доволно голем.