Линкови за пристапност

Мудис инвесторс сервис: ризикот расте, но големите економии засега безбедни


Мудис инвесторс сервис: ризикот расте, но големите економии засега безбедни

Агенцијата додава дека САД и Британија се во најголем ризик од можен пад на кредитниот рејтинг

Реномираната компанија за одредување на кредитната способност наведува дека четирите најголеми економии во светот се во добра ситуација да одржуваат солиден кредитен статус, но дека ризикот расте поради растот на долговите.

Во извештајот за последниот квартал, приватната агенција вели дека САД, Германија, Франција и Британија и натаму се „во добра позиција“ да го контролираат нивото на долговите бидејќи соодносот на исплата на каматите наспрема владините даночни приходи и натаму е одржлив.

Сепак, Мудис предочува дека сите земји со највисок кредитен рејтинг се соочуваат со „клучни предизвици“ и предупредува дека можно е да дојде до промена доколку тие продолжат да позајмуваат огромни суми на пари во обид за стимулирање на своите економии, или доколку централните банки ги зголемат клучните каматни стапки.

Агенцијата додава дека САД и Британија се во најголем ризик од можен пад на кредитниот рејтинг.

XS
SM
MD
LG